Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.

Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на министерот за здравство Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.

Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со корона вирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот, информираат од Министерството и додаваат дека новинарите може да испратат прашања на мејлот на одделението за односи со јавност при Министерството, кои ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.