Со грчкиот колега разговаравме за неколку опции што треба да ги дефинираме за отворање на границите. Денеска официјално го испративме писмото, врз основа на заклучоците од нашиот состанок, во кое чекаме грчкиот колега повратно да ни одговори на дефинитивниот став за тоа како ќе се минуваат границите, односно дали тоа ќе може да биде без тестови, потоа за начинот како ќе се скрати времето на чекање на самите гранични премини, да се избегнат големите гужви што сметаме дека е ризик и за опцијата да се пружи бесплатно лекување на сите заболени од неколку околни земји, заради тоа што тој документ потоа сакаме да го дадеме и на други соседни земји ако некој заболи од коронавирусот.

Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе се отворат границите.

Во документот кој беше побаран од претседателот Пендаровски, вели Филипче, апсолутно стои дека треба да се избегнуваат големи собири и дека мора какви и да се тие собири да се придржуваат до правилата кои и сега важат.

Во овој момент има важечки уредби за носењето маски и за одржувањето на дистанцата, така да апсолутно препорака на Комисијата за заразни болести е големи настани и собири да не се одржуваат и тоа е јасно ставено во тој документ, додаде Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.