Епидемијата стивнува, во мирна фаза сме, имаме слободни кревети и респираторни машини, ги знаеме контактите, немаме изнедувања и можам да кажам дека ситуацијата е под контрола, изјави Филипче во отвореното студио на ТВ 24.

Тој изјави дека новите случаи се од непочитување на мерките, односно дека мора да се носат маските и да се почитува дистанцата.

Кластерите се познати. Имаме луѓе што доаѓаат во болницата во Струга со белодробен наод кој одговара на Ковид-19, а кои присуствувале на литијата во градот пред некоја недела. Имаме докажани случаи од семејни настани по десетина луѓе, посочи Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.