Носењето маска значи грижа за сите, за ранливите и за повозрасните. Со маската, се штитиме себеси и сите околу нас, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Тоа е акт на солидарност и почитување на луѓето. Можеби ти не си во ризик, но секојдневно си во контакт со други кои можеби тешко би ја поднеле болеста. Да бидеме свесни и совесни, пишува во фејсбук статусот на министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.