Нема заразени од коронавирус во македонската Влада, информираше, на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

На новинарско прашање дали има информации за заразени од ковид-19 меѓу политичарите во земјава и меѓу избраните и именувани функционери, Филипче рече дека нема информации за тоа. Посочи дека, бројката на избрани и именувани лица во повеќе државни институции е голема, така што не би можел да даде конкретни податоци за тоа.

Што се однесува до Владата, можам да кажам дека нема инфицирани“, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.