Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека не постои механизам со кој би се контролирале цените на лековите што се купуваат приватно, во одговор на новинарско прашање дека граѓаните што се лекуваат од Ковид-19 во домашни услови се жалат дека тоа чини многу средства.

Можеме да интервенираме во делот на тоа што законот ни нуди како можност, а тоа е интервенција во цената, ревизија на сите лекови што се на позитивната листа. Тие што се купуваат приватно навистина немаме механизам како да ги контролираме – рече Филипче.

Во таа смисла, министерот појасни дека веќе се покренало конкретно прашањето за замената на хепаринот, истакнувајќи оти во овој случај е можно решение со Фондот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.