Актуелниот министер за здраввство Венко Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ.

Нема да поднесам кандидатура за претседател на СДСМ. Немам таква амбиција, изјави Филипче денеска на прес-конфренција на која соопшти дека Владата утре ќе решава за предложените мерки на Комисијата за заразни болести.

Во петокот Централниот и Извршниот одбор на СДСМ ја констатираа оставката на Зоран Заев на претседателската функција во партијата. Оттаму информираа дека на седницата на Централниот одбор е донесена одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател. Новиот претседател ќе се бира 12 декември.

Филипче е еден од четворицата потпретседатели на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.