Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.

Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот Ковид-19, направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче во гостување на ТВ Сител.

Имаме, потенцираше, значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.