За сега кај нас нема да ја даваме вакцината на Астра Зенека на лица помлади од 60 години, има мала бројка на тромботични ситуации кои се предизвикани особено кај помлади лица. За оние лица помлади од 60 години кои примиле Астра Зенека во Србија, чекаме одговор од валидните институции дали истите може да примат ревакцина од друга вакцина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во Дневникот на Сител ТВ.

-Станува збор за тромобтични состојби на мозочните венски крвни садови, се јавува по првата доза во период до 14 дена. Тие тромботини ситауции се ретки но ние одлучивме да бидеме внимателни. Доколку граѓаните сакаат да се ревакцинираат со Астра Зенека може да отидат во Србија, но ќе повторам не препорачуваме вакцинирање со Астра Зенека на лица помлади од 60 години, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.