Откако Африм Гаши и Зоран Заев се договорија Алтернатива да влезе во влада и да го преземе, меѓу останатото, Министерството за здравсто, нема одговор дали во политичка пензија заминува Венко Филипче кој од декември 2017 го води секторот здравство.

Дали ќе се врати на клиниката за неврохирургија или, пак, кариерата ја гледа во други општествени води, телевизија „Сител“ праша, но не доби одговор од сè уште актуелниот прв човек на здравствениот сектор.

Според оремиерот во оставка, Зоран Заев , Македонија досега немала подобар министер за здравство. Тој рече дека со оглед на тоа дека нема да биде лидер и премиер, а Филипче нема да биде министер, сега ќе имаат повеќе време да се посветат на страста на возење мотори.

Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тој е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него, рече Заев.

За наследник на Филипче се споменува Беким Сали, кој е генерален секретар на Алтернатива и беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори. Официјално, ќе има ли ново менаџирање со ковид кризата и други промени во поглед на здравствената пандемија ќе дознаеме по формирањето на новата Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.