Одговарајќи на новинарско прашање дали е прифатливо барањето на синдикатите ПЦР тестот за да биде на товар на работодавачите, Филипче рече дека за тоа утре ќе дискутираат на седница на Владата.

– Најбитната поента на вечерашниот состанок е дека имаме силна поддршка ваков еден процент да се имплементира, ваква една мерка да имплементираме. Сите сме свесни дека може да имаме период во кој болниците ќе бидат навистина преоптоварени. Ние сме должни да обезбедиме соодветно болничко место. Сега болниците се оптоварени од невакцинирани пациенти. Се надевам дека сликата ќе се смени. Има една интересна споредба меѓу Велика Британија и Украина. Над три пати повеќе новозаразени има во Велика Британија, а десет пати е поголема е смртноста во Украина. Разликата во опфатот во вакцинација е 70 наспроти 30 проценти. Тоа укажува колку е битен процесот на вакцинација, додаде Филипче

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.