Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека се лага тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека директорот на штипската болница, Ален Георгијев самиот на себе ќе си врши надзор за смртта на 41-годишната пациентка.

ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот! Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип. Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор. Ова е независен надзор и апсолутно е неточно дека директорот на болницата самиот на себе ќе си врши надзор како што наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата или не го познаваат системот на надзори или свесно манипулираат како што всушност се однесуваат цели осум месеци од почетокот на кризата. Барам итно извинување за ова грозно обвинување во спротивно ќе поднесам тужба за клевета.“, напиша Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот!

Во моментов…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, 18 November 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.