Министерот за здравство, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека се очекува вакцината за Ковид-19 во земјава да пристигне кон крајот на годинава или во почетокот на следната.

Како што кажа Филипче, нарачката е направена и штом стане достапна сите земји од Европа ќе ја добијат со подеднаков приоритет.

Веќе аплициравме, вчера на влада се одобри нашето учество и треба да ја направиме уплатата. Првата вакцина којашто ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана помеѓу сите земји членки коишто аплицирале во „Ковакс“ механизмот. Значи, кога ќе ја добијат и најразвиените земји, тогаш вакцината ќе ја добиеме и ние – изјави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.