Венко Филипче не можеше да најде 6.000 вакцини да се ревакцинираат оние лица кои се вакцинираа во Србија, ама најавува 600 илјади дози до крај на месецов, а крајот на месецов еве го – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека освен што не најде вакцини за ревакцинација на оние од Србија, не најде вакцини воопшто, нема масовна вакцинација, Филипче си најавува нов хаос.

Денес си објаснува новата мутација на корона можело да биде позаразна од постоечката, ама вакцините вели штителе. Да, вакцините штитат, ама Филипче се однесува како да не знае дека во Македонија нема вакцини. Македонија е на дното на земји чии граѓани примиле две дози или нема ни 10 проценти, а во други држави повеќе од 50 проценти од населението прими две дози. Едноставно е, додека светот стекнува имунитет, во Македонија нема вакцини. Прашањето е кога ќе си поднесе оставка – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.