Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на РСЕ.

Сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина, вели министерот.

-Сега е временски период во кој ние треба да постигнеме процент на вакцинација којшто ќе биде доволен за да се стекне таканаречениот колективен имунитет.Тоа е некаде околу шеесетина проценти, вели министерот.

На прашањето кога би можел да се достигне овој процент, Филипче вели:

-Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото, средина на летото може да се постигне имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Во таа смисла сите мерки кои сега ги препорачуваме важат за сите граѓани се уште. Понатаму за во иднина се уште е рано да се каже, затоа што не можеме да процениме колкав ќе биде одѕивот на граѓаните за вакцинација. Морам да кажам дека и покрај тоа што 20 проценти не се јавуваат, голем е бројот на граѓани коишто се јавуваат, покажуваат интерес итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.