Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето, вели министерот за здравство Венко Филипче во видеопорака објавена на неговиот фејсбук-профил.

Сето тоа, посочува министерот, се аргументи кои нас за време на дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажа на тоа дека сепак маски на отворено мора да се носат.

Доколку се носат на места каде со седење се одржува дистанца, во ресторани нема логика да се носат маски секако, но мислам дека оваа мерка значајно може да влијае на епидемиолошката слика да го намали бројот на новозаразени и да ја спречи трансмисијата на вирусот, истакнува Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.