Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека дел од стратегијата во справувањето со КОВИД-19 е и да се зголеми бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип кои нема да бидат задолжителни.

Ова, смета Филипче, е многу важна мерка за заштита од корона вирусот, особено кога станува збор за најранливите групи.

Во изјава за телвизија „Алсат“ министерот најави дека ќе бидат вакцинирани сите лица постари од 65 години, а ќе има вакцини и за здравствените работници, како и за трудниците.

-Дел од нашата стратегија е двојно да ги зголемиме бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но таа и тоа како е важна мерка за заштита против КОВИД-19, особено за луѓето од најранливите групи. Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…, за тие кои сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, зашто за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која нема вакцина, нагласи Филипче

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.