Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово, каде оствари средба со директорот на установата Фљорин Бесими и со младите здравствени работници на која дискутираа за мерките кои се спроведоа во изминатиот период. Воедно, министерот Филипче ги слушна предлозите и пораките од младите за унапредување на здравствениот систем.

-Младите лица се двигателот во нашето општество. Горд сум што во овие две години го зајакнавме јавното здравство преку вложување во младите здравствени работници. За првпат ги плативме приватните специјализанти. Тие сега земаат средства за својот труд и ги мотивираме за да бидат задоволни од својата работа. Нивните колеги од конкурсот од 2019 година ќе бидат платени од месец февруари, а согласно барањата на кофинансираните специјализанти пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, истакна министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.