Почитувани пациенти, ние сме со вас. Секојдневно се грижиме за вашето здравје, но и здравјето на вашите најблиски. Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо. Нападот е недозволив и казнив според закон, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој присуствуваше на протестот против насилството врз медицинските работници кој го организираше Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ).

Филиче, кој ги поддржа колегите кои протестираа пред Клиничкиот центар изјави дека Министерството презело конкретни мерки со мобилна полициска патрола на најкритичните јавно-здравствени установи за да не се случуваат вакви инциденти.

Мора да ја вратиме довербата меѓу пациентите и здравствените работници. Преземаме мерки за да го вратиме и достоинството на здравствените работници. Преку вработувања, зголемени плати, дежурства, едукации итн, тие да бидат да бидат мотивирани и задоволни во својата работа. Вршиме хумана дејност, довербата меѓу пациентите и здравствените работници е најважна, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.