Венко Филипче, македонскиот министер за здравство во комуникација со српскиот министер за здравство Златибор Лончар побарал да добие список од македонски граѓани кои се вакцинирале во Србија за да се ревакцинираат во својата земја.

Конкретно за вакцината на „АстраЗенека“, нашиот експертски тим ја презема препораката за ревакцинацијата да се случи за три месеци. Оваа препорака е само за вакцините на „АстраЗенека“, додека, пак, за другите вакцини е препорачано ревакцинацијата да се случи по две недели. Утрово разговарав со српскиот колега Лончар и побарав од него да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Тие што се вакцинирале таму, планирано е да се ревакцинираат дома. Апсолутно ќе имаме доволно дози за ревакцинација. Денеска завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините на „АстраЗенека“ и веќе од среда ќе започне процесот на имунизација. Вкупно 20.000 граѓани ќе добијат термини за вакцинација, рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.