Поради пожарот, девет лица побарале лекарска помош во кочанската болница, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев доцна вечерва го посети Кочани.

Нема повредени лица во однос на потешки последици. Има десетина пациенти кои што се јавиле тука во болницата во Кочани кој што се примени заради тоа што вдишиле чад. Четворица се пуштени дома, петмина се задржани во болницата и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе можат да се упатат на домашно лекување, појасни министерот Филипче.

Тој рече дека е мобилизиран целокупниот систем во сите здравствени домови и болници во околината со оглед на тоа што е време на годишни одмори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.