Министерот за здравство во заминување Венко Филипче преку Фејсбук го честита празникот Курбан Бајрам и ги потсетува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Честит Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање. Празниците носат радости, но и во тек на празнувањето да не заборавиме задолжително да ги почитуваме мерките за заштита: заштитна маска, зачестена хигиена на рацете, одржување на физичка дистанца. Чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, напиша Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.