За време на коронапандемијата, а и за целиот негов мандат Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните. Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа трчал по брзи пари. Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица. Потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово. Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.