Првиот човек на македонското здравств, Венко Филипче попладнево пред платото на Владата, на отворено одржа прес-конференција и ги најави предлозите што ќе бидат доставени до Владата.

Министерот доби прашање и за тоа што отворањето на границите дел од политичарите (се мисли на Амди Бајрам кој ја мажеше внуката во Турција и Саша Богдановиќ кој правеше свадба во Косово) го искористија за свадби.

Апсолутно го осудувам тоа. Сметам дека не е коректно. Не е работата да се направи трик на системот. Точно дека не се прекршени препораките и законите во нашата држава. Меѓутоа ние сите што сме на функции треба да дадеме пример за граѓаните како се почитуваат мерките, особено кога ние тоа го бараме од нив. Притоа кажуваме дека имаме проблем – рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.