Филип Рикер, заменик на државниот секретар на САД и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД за време на денешната посета на Скопје ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Посетата доаѓа по најавите дека Филип Рикер ќе го наследи Вес Мичел, на позицијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Рикер ќе учествува на конференциј, во организација на Маршаловиот фонд.Тој беше амбасадор во Македонија во периодот 2008-2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.