Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти сега е 599, а досега во земјава се направени 5. 879 тестирања за ковид-19. Четири пациенти заразени од коронавирус починале на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, информира денеска Венко Филиче, министер за здравство на редовната прес-конференција.

Меѓу починатите е уште еден пациент од Куманово на возраст од 52 години. На Инфективната клиника починале и три пациентки, една од Лабуништа, Струга (65 години), една од Челопек, Тетово (62 години) и пациентката од Штип на 81-годишна возраст. Во Куманово, како што е соопштено, дома починал уште еден пациент, на возраст од 53 години.

Како што кажа Филипче во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови, во Скопје – 15, во Куманово – седум, во Прилеп уште еден случај, додека во Струга и Кочани има по три нови случаи.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјава изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје – 229, преку Ветеринарен факултет – осум, „Авицена“ –22 , „Биотек“ – 22 и „Фипил Втори“ –105 . Досега во земјата се направени 5 879 тестирања за ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.