Нaвистина, чоек веќе да не знае дали да се смее или пат по нозе да фати, коментира познатиот спортски новинар Игор Филевски Филе за новото ветување од вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски дека сите државни функционери ќе имаат ограничени угостителски услуги.

Овие како да си играат некоја игрица „предизвик”, кој поголема што глупост да истресе и што поимбецилен прес да направи со некоја нуклеарно-имбецилна “идеа”!?
Суперсонични кретенизми, има ли крај?, вели тој.

Професорката Мирјана Најчевска, пак, додава дека Драги Рашковски спечалил 300 илјади евра, ама сè што ќе му се случи е што нема да може да порача две чорби во „Национал“ туку само една.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.