Пикот кој министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести го предвидуваа дека ќе биде околу 1 мај со околу 2.000 заболени, требаше да ја покаже неспособноста на нивното справување со коронавирусот во земјата. Но, тие продолжија од ден во ден да докажуваат некадарност, а граѓаните се тие кои ја плаќаат цената.

Со денешните осум нови загубени животи 359 е бројот на починати од ковид-19, а Филипче и власта на СДСМ и понатаму убедуваат дека сè е под контрола, а народот е виновен за новите бројки.

Со денешните регистрирани 163 нови случаи од 1.794 тестирања, вкупниот број на заболени е 7.406.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.