Ерол Фетиов, лицето од Струмица кое на јавноста и стана познато по бомбите кои ги објавуваше италијанскиот весник Ла Верита, повторно е актуелно. Овојпат по видеото од поткупот на гласачи кој СДСМ го вршеше вчера во Струмица. Тој е човекот со список во рака додека се поткупуваат гласачите во родното место на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Воедно, се чини, тој е и десна рака на Заев и неговиот брат Вице, во „држењето под контрола“ на гласачите во тој дел.

Минатото лето, по она што го објави Ла Верита, јавноста имаше можност да види дека Фетиов „располага со лични карти” на гласачи, ако се вмровци да ги спречи да гласаат, а ако се други да им даде 500 денари ако донесат слика доказ од гласачкото ливче дека гласале за СДСМ.

Тогаш не беше јасно зошто обвнителката Вилма Рускоска воопшто не го повикала Фетиов како сведок за обвиненијата за поткуп на гласачи и сомнежот дека Заев, Вице и нивните луѓе бркале цели фамилии од работа, им исклучувале струја и вода доколку не гласаат за нив. Се постави прашањето дали таа е адвокат на Зоран Заев.

Тимот што „победува“ не се менува… Очигледно успешното учество на Фетиов во мисијата поткуп на гласачи во 2014 година е причината тој повторно да биде меѓу првите луѓе во тимот за поткуп на гласачи. Па така во видео кое е снимено во текот на вчерашниот ден, на кое се гледа како со списоци, пакети со социјална помош СДСМ врши предизборниот поткуп во Струмица, главен лик е Фетиов.

Јавноста изминатиов период беше сведок на серија вакви настани, Фирми од Струмица беа фатени на дело како за време на полицискиот час го вршат поткупот на граѓаните. Ова доаѓа само како доказ за она за кое се зборува и предупредува подолго време. На видеото јасно се слуша како се спомнува и името на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика надлежните институции итно да превземат мерки, да ја спречат, како што рекоа, масовната корупција што се случува не само во општина Струмица, туку на територијата на цела држава.

Изминатиов период членовите на СДСМ масовно делат пакети со храна на ранливи категории на луѓе злоупитребувајќи ја нивната незавидна положба.Јавно ги повикуваме институциите до крај да ги истражат следниве околности:
– кој врши набавка на прехранбените производи
– кој ги плаќа прехранбените производи
– кој ги дава списоците на семејства од ранливи категории каде таргетирано се делат пакетите. – велат од најголемата опозициска партија.

За нас секогаш најбитен ни е Зоран Заев! Првиот – вели населението во видеото, на кое се гледа како добиваат пакети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.