Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е во изолација, отакоко нејзиниот колега од обвинителството Гаврил Бубевски добил позитивен тест на коронавирусот, дознава неофицијално „Република“.

Од Основниот кривичен суд денеска најавија дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, денешната расправата за предметот „Монструм“ се одложува за 26 август.

И Фетаи и Бубевски работат токму на овој случај.

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езеро.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со Фетаи за да потвриме дали е во изолација поради контактот со Бубевски во петокот, но не успеа да ја добие обвинителката.

Предметот се води кај судијата Огнен Ставрев, за кој сè уште нема информации дали ќе оди во самоизолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.