Потребна е институционална поддршка за поранешните припадници на ОВК, изјави вице премиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи.

„Денеска го искористив присуството на албанскиот амбасадор Денијон Мејдани со кого заедно поделивме унифицирани албански учебници во две училишта во Куманово и Општина Липково и му реков н амбасадорот да отидеме и да ги испочитувавме паднатите борци, бидејќи сме во близина на споменикот кај Слупчане”, вели Фетаи во изјава за Zoom.mk.

Министерот додава дека амбасадорот на Албанија за прв пат го посетува споменикот кај Слупчане.

„Тој е првиот амбасадор што дошол да оддаде почит на паднатите борци”, вели Фетаи.

Министерот во својата изјава вели дека разговарале со членови на семејствата на паднатите борци во војната од 2001 година , ги слушнале нивните приказни и разговарале со нив за потребата од негување на вредностите на УЧК за идеалите на УЧК и за потребата да се почитува споменот на паднатите борци.

„Разговаравме за потребата што ја имаме како народ , да ги почитуваме паднатите борци , нивните семејства и деца , како и за институционалната грижа за овие луѓе кои ја направиле најголемата жртва”, вели министерот Арбен Фетаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.