Обвинителката Фатиме Фетаи побара вештачење на гласовите на Миле Јанакиески, Никола Груевски и Орце Камчев од вештак од Белград, во предметот „Насилство во Општина Центар“.

Се работи за писмено вештачње на српски јазик кое ќе треба дополнително да се преведе. Таа тврди дека на тој начин ќе потврди дека меѓу нив имало комуникација и дека гласовите се автентични.

Исто така таа побара како сведок да се појави лицето Лазаров, кој ја призна вината. Судот ги прифати двата предлози на обвинителството.

Следното рочиште ќе се одржи на 12 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.