Обвинителката Фатиме Фетаи која заедно со обвинителот Гаврил Бубевски го застапуваа обвинениоето за случајот „Монструм“ побараа определување на мерка притвор за неправосилно осудениот Хаки и Фејзи Азири поради опасност од бегство.

Заедничко за сите обвинети е околноста што постои опасност од нивно бегство, а првообвинетиот Алил Демири и второобвинетиот Африм Исмаиловиќ веќе девет години и се во бегство, за обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ нема ниту потреба, за нив постои решение за определување на мерка притвор, рече Фатиме Фетаи по соопштувањето на пресудата од страна на судијата Огнен Ставрев.

Обвинителката Фетаи бара притвор за Хаки и Фејзи Азири поради опасност од бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.