Обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обивнител Љубомир Јовески, и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари“ да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.

Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството, рече Азири.

Претходно денеска Судот ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. За помагање на извршителите пак, за Фејзи Азири е пресудена единствена казна затвор од 15 години, а единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири.

Поради можност за бегство обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.