Советот на јавните обвинители на денешната седница избра пет обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Во тимот на Вилма Русковска ќе бидат и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевич, но место нема за поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи.

Таа доби само четири гласа „За“, но не го доби потребниот глас за да биде избрана за јавен обвинител. Против гласал, јавниот обвинител Љубомир Јовески.

На седницата која се пренесуваше во живо, соопштија дека во конкуренцијата има вкупно пријавени 14 кандидати, кои биле оценети со позитивна оценка.

Никола Довлев добил 24,5 поени, Лиле Стефанова 25 поени, Елизабета Јосифовска 24 поени, Наташа Поп Трајкова 24,5 поени, Фатиме Фетаи 25 поени, Имра Османи 20,5 поени, Артан Ајро 25 поени, Трајче Пеливанов 25 поени, Златко Биковски 25 поени, Љубомир Лапе 24,5 поени, Вера Проевска 23 поени, Катерина Коларевич 25 поени, Наташа Сарамандова (не беа кажани поени), Верица Крстевска 25 поени – истакна претседателот Ацо Колевски, додавајќи дека повеќето обвинители имаат освоени 25 поени, и станува збор за стручни кадри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.