Уште еден класичен пример за тоа како водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев лаже, алармира Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој објави дека на средба со еврокомесарот Аврамопулос, премиерот во заминување кажува дека реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени.

Пред неполни 2 месеци директорот на Агенцијата за национална безбедност, јавно потврди дека не се испочитувани законските процедури при изборот на вработените, односно вработените не поминале тест на полиграф, ниту тест за интегритет како што налага законот, и тоа затоа што полиграфот одземал време, а во земјава нема институција во која се прави тест за интегритет! Исто така, тој признава дека спротивно на критериумите во АНБ биле вработени лица со тесни семејни врски, арно ама се ќе било ОК затоа што „роднините“ немало да се распределуваат во исти сектори!

 

Во меѓувреме, при претресот во домот на Ременски пронајдени се класифицирани информации, списи, докази и документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите „Монструм” и „Диво Насеље”, за што потпретседателката на Собранието – Фросина Ременски, која е осомничена во случајот „Рекет“ упатила претставка до внатрешната контрола на МВР!?!, прашува Јанушев.

Тој додава дека ова се успешни реформи само и исклучиво по „стандардите” на Заев!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.