Полицијата во околината на Крушево привела маж, додека потпалувал шумски пожар. Токму во овој регион состојбата со пожарите е најкритична.

Според центарот за управување со кризи, има активни пожари во Битолскиот регион.

Пожарот кој започна на вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е сеуште активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожарот и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожарот, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожарот интензивно се гасне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС „Липа“ Крушево.

На територијата на општина Крушево активен е и пожарот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.

Нов пожар има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожарот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.