Власта е упорна по секоја цена да го истера пописот. Не дека на Македонија не и е потребен попис, но не ваков како што сакаат да го спроведат СДСМ и ДУИ.

Според содржината на предлог законот, пописот е најмалку по стандардите на Евростат на кои власта толку сака да се повикува.

Што содржи законот

Предвидено е да се попишуваат и граѓаните кои живеат моментално во Република Македонија и тие што не живеат. Тоа се т.н резиденти и нерезиденти.

Но, Евростат бара земјите да го попишуваат само населението кое живее во моментот во земјата како и оние што се иселени не подолго од една година.

Но, и тука има големи нелогичности. Кога попишувачите ќе дојдат во еден дом да попишуваат, членовите кои не се присутни ќе можат да бидат внесени во системот без никаков доказ за идентификација или лично присуство туку само со диктирање на нивните матични броеви.

Кој во таков случај може да гарантира дека лицето навистина живее во Македонија и колкав временски период е иселено.

Затоа опозицијата бараше да се набават читачи, т.н фингерпринт“ со кои на лице место ќе се провери идентитетот на лицето.Ова барање власта го одби.

На овој попис ќе се попишуваат и оние кои не живеат подолго во Македонија.Дијаспората тоа ќе го прави на сајтот на Заводот за статистика со пополнување на прашалник.

Со овој закон, нема да се направи никаква разлика на жители и државјани на Македонија туку сите ќе бидат ставени на купче. За првпат се водедува и врзан потис што значи дека во слчај со резултатите да не биде задоволен заменикот на директорот на Заводот за статистика, Илми Селами, пописот пропаѓа.

Затоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара власта веднаш да го повлече Законот за попис за да се постигне општ консензус.

Доколку тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува иницијатива за собирање граѓански потписи за укинување на насилниот Закон за попис-најави вчера Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.