Актуелниот министер за здравство доцент д-р Венко Филипче постојано се фали за она што го сработил досега. Постојано има најави за нова опрема во болниците, а всушност станува збор за донации.
Универзитетската Клиника за Детски болести доби пратка со потрошни материјали од круцијално значење (умбилични катетри, пиклајни, торакални катетри и слично), специјален транспортен монитор за пациенти кој е компатибилен заMRI, но и централна станица за мониторинг на пациенти со вкупна вредност од околу 70,000 евра.
Денеска два прочистувачи на воздух за детското и гинеколошкото одделение во тетовската Клиничка болница беа поставени денеска како донација од компанијатата „Дајкин“, во соработка со невладината организација „Мајка и дете“ од Тетово.
Наместо Филипче да започне со инвестиции во здравствениот систем тој продолжува да ги манипулира луѓето дека се залага за болниците низ државата со донации од различни фирми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.