Македонија денеска е прва во светот по бројот на смртни случаи во последната недела покажува светската статистика.

Со овие факти професорот Дејан Трајковски од Битолскиот универзитет, кој секојдневно прави анализи на епидемилошката состојба со Ковид-19, се спротивстави на изјавата на министерот Венко Филипче дека смртноста е секаде висока, но и дека полициски час во земјава не би придонел кон намалување на бројките.

Филипче денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки. Веднаш со факти морам да го демантирам. На подолниот дијаграм се дадени моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13 земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители. ПРВИ ВО СВЕТОТ! Јасно е дека со вакво темпо Македонија ќе ги достигнува и престигнува земјите кои се повиоко од неа на листата според кумулативната смртност.

 

Дали ќе се најде некој да го сопре овој човек кој предизвикува општа опасност во државата, страдање и умирање со ваквите неодговорни изјави? Еве му го графикот и изворот на информации (официјалната светска датабаза за Ковид-19), нека ја анализира малку пред да излезе пред камери и повторно да нѐ дезинформира – напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.