Европското движење во Македонија повика на исклучителна внимателност со францускиот предлог, бидејќи Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.

Нe навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот рпоцес, би истакнале дека билатералниот протокол која претставува централен сегмент на предлгот (се уште официјално не е претставен во јавноста) ги фрла на спореден план копенхашките критериуми заробувајќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура-како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непрознавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и се уште има, прикриени територијално претензии кон Македонија, пишува во дел од писмената реакција на Европското движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.