По синоќешната ескалација на протестите против францускиот предлог во Скопје, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, преку социјалните мрежи го осуди насилството врз полицијата и порача дека за такви сцени нема место во едно демократско општество.

Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност, вели Гир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.