Европската унија молчи за двете снимки кои беа објавени од страна на пратеникот Антонио Милошоски во кои главен актер е поранешниот премиер Зоран Заев. „Република“ испарати два мејла до портаролката на Комисијата Ана Писонеро и до портпаролот за Надворешни работи Питер Стано но не доби одговор.

Прашањата кои ги испративме се однесуваа на тоа како го оценуваат мешањето на Заев во одлуките на Врховниот суд и на Специјалното јавно обвинителство и дали за ЕУ тоа е прифатливо.

Досега ниту еден челник на ЕУ ги нема прокоментирано снимките на претседателот на СДСМ за кои тој призна дека се автентични.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.