Со 524 гласови за, 67 против и 103 воздржани Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ, пишува МКД.мк.

Безбедносниот пакет за заштита на малцинските права содржи препораки на ЕУ за заштита на културната и јазичната разновидност; програми за финансирање на мали јазични заедници; создавање центар за јазична разновидност; фондови за регионален развој на ЕУ за покривање на заштитата на националните малцинства; истражување за вредноста на малцинствата во нивните општества; приближна еднаквост за малцинствата без државјанство како Ромите…

За претставниците на македонското малцинство во Бугарија и Грција отворено останува прашањето дали ова може да значи голема промена на нивниот статус во овие две земји-членки на ЕУ. И во двете земји официјално нема малцинства. Во овие земји-членки на ЕУ забранета е регистрацијата на политички партии или културни здруженија на Македонците, кои немаат ни можност за образование на мајчин јазик. Во договорите со Бугарија и Грција Македонија практично се откажа од каква било помош и поддршка на борбата на македонското малцинство за остварување на нивното основно човеково право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.