Наместо датум за почнување на преговорите, Македонија ќе добие само тапкање по рамо?

Според извори од Европската комисија, се очекува Советот на Европската унија да не усвои одлука за датум, туку да постигне консензус и да усвои заклучоци со кои ќе се даде позитивен сигнал, признание и поттик за Македонија и Албанија за досега сработеното, како и за спроведување на реформите.

Заклучокот веројатно ќе содржи и реченица во која Советот на ЕУ ќе си даде обврска да се наврати на темата одлука за датум во следниот период/следното претседстелство/после следниот извештај на Комисијата/ сладната година или слична фраза која би се договорила најмногу меѓу Франција, Германија, Холандија и Вишеградската група.

Евентуалното проширување на Унијата не се спомена на вечерашната прес-конференција на Жан Клод Јункер и Доналд Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Повикувајќи се на информации од ЕУ дипломат, порталот „Нова“ пренесува дека Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон „и неколкумина други“ во моментов седат заедно и подготвуваат текст за проширувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.