Европската Унија и официјално ја доби нотификацијата за промената на уставното име на државата, соопшти попладнево службата за надворешна акција на ЕУ, ЕЕАС, а пренесе МИА.

Денеска ЕУ беше формално известена од страна на Република Македонија за новото име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Топло го поздравуваме овој историски чекор, што претставува пример за помирување за регионот на Западниот Балкан и пошироко – стои во соопштението на ЕЕАС.

ЕЕАС, која ја води Федерика Могерини, и го посредува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и честита на Македонија за овој огромен успех и отвора нова страница во „нашата заедничка ЕУ иднина“, се вели понатаму во соопштението.

Деновиве и останатите ЕУ институции ќе добијат слично известување од страна на нашето Министерство за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.