Етничката припадност да не ја правиме професија да одбереме луѓе кои ќе може да решат проблеми на граѓаните рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“, на прашањето дали ќе има Албанци во листата на пратеници во ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку имаме предизборна коалиција со некоја од албанските партии да се разбира дека ќе има, но доколку немаме предизборна коалиција ќе нема да има, односно ќе има кандидати за пратеници коишто ќе бидат пред се таму затоа што имаат технички, професионален квалитет. Јас не би сакал етничката припадност да биде професија, туку треба професијата да биде рефлексија на квалитетот на луѓето и поради тоа тие луѓе треба да бидат или да не бидат дел од тие пратенички листи. Тоа е она коешто јас сакам да го кажам, а коешто ќе биде поврзано со пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.