Македонската естрада повика на масовен протест пред Собранието на Република Македонија.

Да не дозволиме да не навикнат на „живот” во канцерогено општество, се вели во статусот кој масовно се споделува од страна на познатите македонски личности.

Тамара Тодевска, Владимир Блажев, Димитар Атанасовски, Сања Ристиќ…се само дел од јавните личности кои повикаа на слога и заедничко делување.

🚫Здраво напатен пријателу
Ти што воздух не можеш да земеш
Да пробаме да бидеме сложни барем кога за здравјето наше и на нашите најблиски се работи
Мирен но МАСОВЕН протест да им даде до знаење дека ни треба сериозни, способни луѓе наспроти шарлатани кои ќе не извадат од најтемната и најзагадената точка на светов
Состојбата е алармантна и од ден на ден станува неподнослива
Да не дозволиме да не навикнат на “живот” во канцерогено општество
САБОТА 26.01.2019 г. во 13.00h.
Собрание на Р.Македонија
Протест против КАНЦЕРОГЕНОТО ОПШЕСТВО!!!
ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ДИШЕМЕ!!!
Ако се согласувате,препратете ја поракава на колку повеќе луѓе можете.

ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.