Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг.

Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот на САД. За потребата од пристапување на Македонија во НАТО пред сенатската Комисија за надворешни работи говореа помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.