Без нашите пријатели и сојузници ова немаше да се случи. Ова е уште еден доказ дека Македонија е доверлив партнер што им помага на САД и ЕУ да постигнат регионална стабилност, изјави во Охрид, американскиот преставник за Западен Балкан.

Габриал Ескобар по завршување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, заблагодарувајќи му се премиерот Димитар Ковачевски и на Владата за организацијата на средбата.
Тој ги поздрави и Белград и Приштина за, како што рече, постигнатиот тежок, но неопходен договор за воспоставување на мирољубиви и предвидливи односи меѓу двете страни.

Тоа не само што ги отвора вратите за евроатланска интеграција на двете земји, туку ја отвора и вратата на регионот за нова ера на мир, рече Ескобар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.